Како да се живее победоносен христијански живот

250 ден

ПОБЕДА, победа во Христа е содржината на христијанскиот живот. Победа над секој и сите гревови, сите слабости, сите падови во животот.
Меѓутоа, многу адвентисти на седмиот ден се свесни дека не поседуваат целосна победа во своите животи. Една неформална анкета, спроведена неодамна во една голема адвентистичка црква, покажала дека големо мнозинство од нејзините членови не се сигурни во својата врска со Христа. А тоа не укажува на победа.
Во својот христијански живот и јас сум се сретнал со поразот. Долги години на пораз. Под пораз, не подразбирам привремени падови. Јас подразбирам пораз и тоа повторно и повторно, во мојата борба со гревот.
Накратко, еве ја мојата приказна: крстен сум на 18 години, искрен во својата желба да бидам христијанин, па сепак, набргу открив дека сум сè уште заразен со истите слабости што ги имав и пред крштевањето. И покрај сè, сè уште бев морално слаб, обземен со сомневања и под контрола на наследените и стекнати склоности кон гревот. Тоа можеби не беа нешта кои светот би ги сметал за грев, но Бог и јас знаевме дека се грешни.
Мојот духовен живот на академијата беше „падни-стани“. Есенските и пролетни молитвени седмици често ме инспирираа на посвето живеење. Но, наскоро повторно слизнував во својот стар живот на сомневања и порази… нешто недостасуваше во мојот религиозен живот. Однадвор, веројатно бев она што се очекува од еден студент-проповедник. Одвнатре, постоеше цел еден несакан харем од чувства и ставови – завист, љубомора, моето јас, гордоста, нехристијанска амбиција – кои не се намалуваа со текот на времето и од кои не можев да се ослободам, исто како што не можев да си го сменам обликот на ушите или бојата на очите…

50 на залиха

Дополнителни информации

Повез

мек

Страни

166

Димензии

14.8 cm x 21 cm

Тежина

236

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Како да се живее победоносен христијански живот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest