УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА
Ги замолуваме купувачите внимателно да ги прочитаат Општите услови за испорака на стоката!
Ние ја испраќаме целата порачана стока по пошта или друга компанија за достава на пратки. За испораки надвор од Република Македонија, наплаќаме според ценовникот на Македонска пошта и DHL.
Нарачаната стока ќе биде спакувана на таков начин што не може да се оштети со вообичаеното ракување при транспортот. При преземање на нарачаната стока, купувачот е должен да провери дали има каква било штета и веднаш да ја пријави на работникот што ја доставил стоката и веднаш да одбие да ја преземе испорачаната стока на која има видливо надворешно оштетување. Проверката на исправноста на нарачката зависи од купувачот, а дополнителни рекламации не се прифаќаат.
Во случај да не ја подигнете стоката на време, а уредно сте добиле известување за пристигнувањето на пратката, ги сносите сите трошоци за враќање на стоката во Издавачката куќа „Знаци на времето“ и за повторно испраќање на стока за која ќе ви биде издадена фактура.
Услови за испорака за плаќање преку банкарски трансфер со општа уплатница
Времето на достава започнува по примањето на уплатата на банкарската сметка на Издавачката куќа „Знаци на времето“. Ние не ја испорачуваме стоката врз основа на потврда за уплатата, туку само откако уплатата ќе биде видлива на нашата банкарска сметка.
Во случај уплатата да се изврши во македонските деловни банки, тоа најчесто се случува обично следниот работен ден, а понекогаш два работни дена од денот на уплатата, а во случај на плаќања во Македонска пошта, може да бидат потребни и два работни дена по уплатата.
За уплаќањата од странство тоа трае од три до седум дена.
Дополнителните трошоци за провизија поврзани со уплатата ја плаќа купувачот и тие трошоци не се сметаат во сумата/цената за производите кои сака да ги купи.
За уплата од странство, купувачот ги сноси сите банкарски трошоци.
Доколку сакате пратката да Ви пристигне што е можно побрзо за овој вид на плаќање, Ве молиме правилно да ја пополните општата уплатница и задолжително внесете го точниот број, бидејќи тоа може значително да влијае на брзината на испораката. Вообичаено провизијата за уплатницата е поефтина доколку се уплати во утринските часови. Но сепак тоа зависи од банка до банка.
Доколку нарачаната стока не биде испорачана, Издавачката куќа „Знаци на времето“ ќе му понуди на купувачот втора најслична стока и откако купувачот ќе потврди по е-пошта дека понудата му одговара, најрано следниот ден стоката ќе му биде доставена на купувачот според избраниот начин на испорака. Доколку понудата не му одговара на купувачот, издавачката куќа „Знаци на времето“ ќе ги врати уплатените средства.
За поврат на средствата, задолжително мора да ги имаме следниве информации:
- • Име и презиме на оној што уплаќа или име на правниот субјект
- • Тековна или жиро-сметка (плус IBAN и SWIFT доколку е од странство)
- • Име на деловната банка кај која се води наведената сметка
- • Адреса на сопственикот на сметката: улица и број на домот, град и поштенски број (оваа адреса мора да биде идентична со адресата во личната карта на сопственикот на сметката) или адреса на седиштето на правниот субјект
- • ЕМБГ на физичко лице што има сметка или ЕМБС на правниот субјект