ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Стокaтa се порачува по електронски пат. Со притискање на копчето Додаj во кошничка, избраниот производ се зачувува во потрошувачката кошничка. Стоката се смета за нарачана во моментот кога купувачот поминува низ целиот процес на нарачка. Преку е-пошта со која што сте се регистрирале како купувач, ќе добиете потврда дека нарачката е примена од „Знаци на времето“.

„Знаци на времето“ се обврзува да ги достави сите нарачани производи што се на располагање за време на испораката. Ако „Знаци на времето“ не може да испорача некој од нарачаните производи, нарачката ќе се намали за тој производ. Сите други нарачани производи ќе бидат испорачани.

Во случај на рекламација, оштетување при испораката, грешка при преносот на податоци или каков било друг проблем, контактирајте нѐ во рок од два работни дена по приемот на пратката. Купувачот е должен да ја испрати рекламацијата до Издавачката куќа „Знаци на времето“ и тоа преку е-пошта на [email protected] , или на контакт формата на веб-страницата, или на телефон +389 2 2048 038.
Корисникот стекнува право на приговор ако:

    • стоката не е испорачана според упатството во нарачката
    • испорачаната стока не ги исполнува стандардите
    • дошло до оштетување при испораката

По приемот на стоката проверката на исправноста на нарачката зависи од купувачот и купувачот е должен да ги спореди примените производи со фактурата. Ако нешто недостасува, потребно е веднаш да се реагира затоа што последователните поплаки нема да бидат прифатени.
Сите горенаведени жалби ќе бидат решени во договор со купувачот или примателот на стоката.

Ако еднострано го раскинете овој Договор, ние ќе ги вратиме парите што ги примивме од вас, вклучувајќи ги и трошоците за испорака, без одлагање и најдоцна во рок од 14 дена од датумот кога ја примивме одлуката за еднострано раскинување на договорот, освен ако не сте одбрале друг вид на испорака, што не е најевтината стандардна испорака што ние сме ја понудиле.

Враќањето на средствата ќе се изврши на ист начин како што Вие сте ја извршиле уплатата. Во случај да се согласите на друг начин на поврат на платениот износ, нема да сносите никакви трошоци во врска со враќањето.

Поврат на парите можеме да извршиме само откако стоката ќе биде вратена и примена. Трошоците за поврат на стоката при првото враќање на стоката и испраќањето на замена на стоката ги сноси во целост Издавачката куќа „Знаци на времето“. Вие сте одговорни за какво било оштетување на стоката што произлегува од ракување со стока, освен она што е потребно за да се утврди природата, карактеристиките и функционалноста на стоката.

Приговор на потрошувачот во писмена форма

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА НАЧИНОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПИСМЕН ПРИГОВОР НА ПОТРОШУВАЧОТ

Би сакале да ги информираме потрошувачите дека писмениот приговор со кој се изразува нивното незадоволство од купениот производ или укажана услуга, може да се испрати по е-пошта на [email protected] , или на контакт формата на веб-страницата, или на телефон +389 2 2048 038.

Издавачката куќа „Знаци на времето“ ќе одговори на вашата писмена жалба со одговор во пишана форма најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на вашиот приговор.

За телефонски прашања, коментари, предлози и приговори, ви стоиме на услуга и на инфо-телефонот: +389 2 2048 038

Pin It on Pinterest