Извадоци
Обично кога се наоѓаме во библиотека, или во продавница за книги, или покрај полица со книги во нечиј дом каде што сме влегле, ги разгледуваме насловите и посегнуваме по некој од нив разлистувајќи го. Се случува погледот да ни застане на некој случајно избран дел од книга, или едноставно нашето внимание да биде посебно привлечено кон одредено поглавје од некоја книга и почнуваме да го читаме. Доколку почнеме да уживаме во текстот, ја губиме претставата за поминатото време и во нас се раѓа желба да ја прочитаме целата таа книга. Оваа секција од веб-страната на „Знаци на времето“ ја има токму таа цел, да посочи на одредени извадоци (поглавја или делови од поглавја) од книгите, за читателот да може да го искуси тој ефект на „прелистување“ и „внесување“ во еден дел од некоја книга, па ако, додека чита се фати себеси како е заинтересиран, да дознае во која книга се наоѓа тој извадок и како може да се набави.
Повикување на духови со помош на уиги табла
„Кај тебе нека не се најде... таков кој би повикувал духови и души на предците или кој би се обраќал на покојниците... ниту маж или жена... повикувачи на духови на мртви“ (5. Мојсеева 18,10.11; 3. Мојсеева 20,7 ; Библија). Свирејќи на една свадба во 1990 година во...
Најголемиот грев
Тоа дете требаше да биде нејзино прво дете. Просторијата која толку долго беше чувана за „бебето“ беше добро исчистена, а подот изгланцан. Ѕидовите беа украсени со слики со разиграни понија и легнати кученца. Внесена е нова убава колепка. Во полн сјај стоеше среде...
„Не“ може да биде и позитивно
Во текот на еден од првите денови на новата работа, на едно момче, ученик, работодателот му понудил голема чаша пиво. „Не, ви благодарам“, одговорило момчето. Овој одмерен одговор го налутил работодателот. Веднаш налутено извикнал: „Ние овде немаме никакви...