УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Веб-страницата www.znacinavremeto.mk е сопственост на Издавачката куќа „Знаци на времето“ (подоцна во текстот: „Знаци на времето“). „Знаци на времето“ овозможува користење на услугите и содржините на веб-страницата www.znacinavremeto.mk што е регулирано со овие Услови на користње. Условите за користење ги пропишуваат условите и правилата за крајните корисници и се однесуваат на користењето на веб-страницата www.znacinavremeto.mk. Со користење на веб-страницата, крајните корисници изразуваат дека се согласуваат со Општите услови за деловно работење и користење и се согласуваат да ја користат веб-страницата www.znacinavremeto.mk во согласност со нив.
Пристапот до веб-страницата www.znacinavremeto.mk понекогаш може да биде недостапен поради работа, одржување или воведување на нови содржини, и во ситуации на непредвидени околности кои се надвор од контролата на „Знаци на времето“ што ќе се обидеме да ги отстраниме што е можно побрзо. Сите материјали на веб-страницата www.znacinavremeto.mk се ексклузивна интелектуална сопственост на „Знаци на времето“ и можат да се користат само со изрeчно одобрение на носителот на авторските права и на заштитениот знак и/или носителот на правото на дизајн. Корисникот може да ги испрати своите прашања и коментари во писмена форма, преку пополнување на контакт формата на веб-страницата или по е-пошта [email protected], а „Знаци на времето“ ќе испрати писмен одговор по е-пошта во законскиот рок.

2. ОСНОВНИ ПОИМИ

Во однос на овие услови за продажба, купувачот е физичко или правно лице кое нарачува барем еден производ, ги пополнува потребните информации и плаќа за нарачаниот производ преку веб-страницата www.znacinavremeto.mk. Доколку во податоците за купувачите се запишани и податоци за правното лице, тогаш за купувач се смета правното лице, а физичкото лице чиишто податоци се внесени се смета за овластено лице на купувачот.

3. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ И СПОСОБНОСТ ЗА ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ

За валидна нарачка на производот, лицето што ја пополнува нарачката, мора да има над 18 години (деловна способност). Купувачот е одговорен за точноста и комплетноста на податоците внесени за време на регистрацијата и нарачувањето. „Знаци на времето“ го задржува правото да ги промени овие услови за продажба, а истите може да ги промени и без претходна најава, но се обврзува да ги извести сите регистрирани корисници преку е-пошта што биле запишани за време на регистрацијата. Сите можни промени ќе бидат применети при употребата на страницата www.znacinavremeto.mk

4. ЦЕНА

„Знаци на времето“ се обврзува јасно, видливо и читливо да го прикаже износот на малопродажната цена. „Знаци на времето“ периодично, во согласност со својата одлука, ќе става на продажба одредени производи по цена пониска од цената на тие производи при редовна продажба.

5. ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ И ДОСТАПНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Податоците за производите на www.znacinavremeto.mk направени се врз основа на базата на податоци на „Знаци на времето“. Фотографиите на производите имаат илустративна природа и не секогаш соодветствуваат во сите детали на производите што се предмет на нарачката. „Знаци на времето“ особено нагласува дека визуелниот идентитет на производот прикажан на фотографијата не мора да одговара на изгледот на производот во реалноста, особено со оглед на поставките на мониторот на компјутерот на купувачот, разликите во перцепцијата на бојата кога купувачот ги гледа на екранот итн. Во случај на горенаведеното несогласување помеѓу производот прикажан на фотографијата и испорачаниот производ, не станува збор за недостаток на производ. Податоците за производот (опис на производот, цена и сл.), прикажани на www.znacinavremeto.mk, подлежат на грешки, неправилности во работењето на апликацијата, други технички неправилности, типографски грешки итн. Во случај на очигледни грешки или неточности во податоците за производите прикажани на www.znacinavremeto.mk , „Знаци на времето“ го задржува правото да не ја достави нарачката која подлежи на такви очигледни грешки, но сепак да ги врати уплатените средства на корисникот. Предмет на нарачката можат да бидат само производи за кои во нарачката се наведува дека тие се достапни во магацинот. Поради големиот број нарачки направени во исто време на www.znacinavremeto.mk, може да се случи информациите за достапноста на производот да не се идентични со состојбата во магацинот на „Знаци на времето“. Доколку нарачаниот производ не е достапен во магацинот, „Знаци на времето“ ќе го извести купувачот дека производот во моментов не е достапен, рокот во кој е достапен производот и воедно ќе понуди можност за купување на алтернативен производ од www.znacinavremeto.mk кој е на располагање за испорака и кој според своите карактеристики е најблиску до производот што не може да се испорача.

6. НАРАЧКА И ВРЕМЕ НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Производите се нарачуваат со избирање, користење на менито и пополнување на електронскиот формулар. Купувачот може да го нарача и купи производот како регистриран или нерегистриран корисник. Производот се смета за нарачан кога купувачот поминува низ целиот процес на нарачка.
Плаќањето за нарачаните производи може да се изврши на следниве начини:

    • Е-банкарство
    • Банкарски трансфер со уплатница

Нарачката се смета за примена:

    • Во случај на плаќање со електронско банкарство, општа исплата во моментот кога „Знаци на времето“ ќе ја прими нарачката по електронски пат.

Во моментот кога е примена нарачката, „Знаци на времето“ ќе го известат купувачот по електронски пат во форма на е-пошта дека нарачката е примена или дека производот е успешно нарачан. Доколку купувачот не го добие известувањето, му се предлага да провери:

    • Дали пораката е во папката Spam/Junk
    • Дали поштенското сандаче е полно
    • Дали производите се наоѓаат во кошничката откако ќе се пријават на страницата www.znacinavremeto.mk и, доколку не се пријави, во тој случај, купувачот треба да го повтори процесот на нарачување.

Во случај на плаќање со електронско банкарство или преку банкарски трансфер со уплатница, договорот се смета за склучен во мигот кога „Знаци на времето“ добиваат потврда дека износот на нарачката е платен.

7. НАЧИН НА КУПУВАЊЕ ПРЕКУ ВЕБ-ПРОДАВНИЦА

Со одбирање на кој било производ, покрај него се напишани деталите – име на производот, краток опис, цена, количина и дали е достапен (на залиха во магацинот).
Со избор на поединечен производ, истиот се пренесува во вашата кошничка.
Цените прикажани на страницата веднаш до секој производ важат за сите форми на плаќањe.
Со пристап до „кошничката“, купувачот добива увид во избраните производи, нивната количина и цена. Производот вклучен во „кошничката“ се купува со кликнување на копчето „Продолжи кон наплата“. Откако ќе го притиснете копчето Продолжи кон наплата“, купувачот пристапува до формуларот за нарачка во кој од вас се бара да внесете лични податоци. Ако личните податоци на купувачот се разликуваат од личните податоци на примателот, вие сте обврзани точно да ги наведете податоците на примателот со избирање на наведената опција. Поштарината не е вклучена во цената. Поштарината ја плаќа примателот при доставата на нарчката.
По примањето на податоците од нарачката, на екранот ќе се прикаже известување дека нарачката на купувачот е примена, а купувачот ќе добие специјално известување за приемот на нарачката по електронски пат на наведената адреса за е-пошта. Доколку обликот на плаќање е плаќање преку е-банкарство или општа уплатница, а www.znacinavremeto.mk не раслoлага со нарачаниот производ поради недостаток на производство магацинот, купувачот ќе биде известен во разумен рок и www.znacinavremeto.mk ќе направи поврат на исплатените средства. Во случај на горенаведената уплата, купувачот е одговорен и сноси ризик за точноста и вистинитоста на доставените податоци, со оглед на тоа дека www.znacinavremeto.mk ќе изврши рефундирање во согласност со доставените податоци. Враќањето на средствата ќе биде во висина на платениот производ без други можни трошоци.

8. НАПЛАТА / АВТОРИЗАЦИЈА

Сите цени се изразени во македонска национална валута – денар (ден.). Во случај на плаќање со електронско банкарство и општа уплатница, трошоците за плаќање и/или меѓубанкарска трансакција не се вклучени во цената и ги плаќа купувачот.

9. ДОСТАВА / НАЧИН НА ИСПОРАКА

Производите може да се нарачаат за испорака на подрачјето на Република Македонија и странство, во согласност со условите што важат за секое подрачје од испораката.

Цената на испорака вклучува пакување на производот.
Испораката не е вклучена во цената на производот, освен ако не е поинаку наведено (назнака „бесплатна достава“).
„Знаци на времето“ има обврска да го достави нарачаниот производ во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот.
Испораката се извршува во согласност со условите за користење на услугата за испорака и се смета за завршена во мигот на испорака на производот до службата за испорака.
Ако производот испратен до купувачот, односно примачот, е вратен во „Знаци на времето“ затоа што службата за испорака не успеала да ја изврши испораката, купувачот ќе биде известен по е-пошта и ќе му бидат понудени следниве опции:

    • Нарачаниот производ, на барање на купувачот по е-пошта, повторно треба да се достави до адресата на купувачот или примачот
    • Да го подигне нарачаниот производ на адреса на „Знаци на времето“ со претходен телефонски договор за терминот на подигање

Доколку купувачот не одговори на е-поштата испратена до него во рок од 7 дена, нарачката се поништува.
Кога „Знаци на времето“ ќе му го испорача нарачаниот производ на купувачот или примачот преку службата за испорака, купувачот или примачот е должен да го земе со потпишување на испратницата, со што се потврдува дека производот е правилно доставен.
Во случај купувачот да го нарача производот и да одбие да го прими, „Знаци на времето“ има право да го одземе од платениот износ на откупната цена износот еднаков на трошоците за испорака.

10. МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ НА ПРОИЗВОДОТ

„Знаци на времето“ носи одговорност за материјалните недостатоци на предметите што ги продава на својата веб-страница во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.
Нарачаните производи се спакувани на таков начин што не можат да се оштетаат со вообичаено ракување при транспорт/испорака.
Во случај пратката да биде оштетена при транспорт, таквата штета е видлива при подигнување на пратката, и во тој случај предлагаме купувачот да не ја зема пратката. Ги замолуваме купувачите да стапат во контакт со нас за да можеме што побрзо да ја провериме состојбата на пратката и да испратиме нова.
Во случај на видлив недостаток на производот при подигање на пратката, купувачот не е должен да го подигне испорачаниот производ, може да го одбие приемот и да не ги сноси трошоците за испорака на таквиот производ. Се смета дека производите соодветно примени од купувачот немале видлив недостаток.
По приемот на стоката, исправноста на нарачката зависи од купувачот, а купувачот е должен да ги спореди примените предмети со фактурата, a доколку нешто недостасува, тој е должен да испрати жалба до „Знаци на времето“ преку е-пошта на адресата [email protected] во рок од седум дена бидејќи задоцнетите поплаки нема да бидат разгледани.
Со одбивање на потврдата, службата за испорака ќе ја врати пратката до „Знаци на времето“, забележувајќи дека пратката содржи недостаток.
Ако производот има скриен недостаток (недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на стоката) што купувачот го открил по отворањето на производот – купувачот има право на еднострано раскинување на договорот и поврат на парите, замена на производот, отстранување на недостатокот или намалување на цената.

11. Писмени приговори, наплата, замена

Во случај купувачот да не е задоволен, може да испрати приговор по е-пошта на [email protected] , или на контакт формата на веб-страницата, или по телефон на +389 2 2048 038.
Купувачот има право на оправдан приговор и поврат на стоката во следниве случаи:

    • Испораката на стоката не е остварена
    • Испорака на стока што има недостаток или оштетување што не настанале при транспортот

Во случај на барање за поврат на стоката од оправдани причини, купувачот е должен да испрати писмена жалба/приговор до „Знаци на времето“ преку е-пошта [email protected] , или на контакт формата на веб-страницата, или на телефон +389 2 2048 038. Со цел што побрзо да се утврди конкретната нарачка на која купувачот има приговор, во приговорот, купувачите се замолени да го наведат бројот на нарачката, бројот на сметката и нивното корисничко име. „Знаци на времето“ ќе го потврди приемот на приговорот во писмена форма без одлагање и мора да стигне во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на приговорот. Во случај на оправдан приговор, купувачот има право да го раскине договорот со тоа што би му била вратена сумата која ја уплатил, или замена за правилен, неоштетен и валиден производ. „Знаци на времето“ ќе прифати враќање на оштетената, неисправна или погрешно испорачана стока на свој трошок, ако се утврди дека жалбата е оправдана и дека купувачот не влијаел на исправноста, на оштетувањето или на каков било дефект на стоката. Во случај на оправдана поплака, трошоците за замена на производот со нов производ ги сноси целосно „Знаци на времето“.

12. ПРАВО НА ЕДНОСТРАНО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

За да може купувачот да го оствари правото на еднострано раскинување на овој договор, тој мора да извести за својата одлука за еднострано раскинување на договорот пред крајниот рок и тоа со недвосмислена изјава испратена по е-пошта [email protected] , наведувајќи го неговото име, адреса, телефонски број, бројот на факсот или адресата на е-поштата. Ние ќе ви испратиме потврда за приемот на известувањето за еднострано раскинување на договорот по е-пошта без одлагање.
Рокот за еднострано раскинување на договорот од 14 дена започнува од денот кога стоката што е предмет на договорот е предадена во владение на купувачот или на третото лице назначено од купувачот, а кое не е превозник.
Доколку купувачот еднострано го раскине овој договор, „Знаци на времето“ се обврзува да ги врати добиените пари, вклучувајќи ги и трошоците за испорака, без одлагање, а најдоцна во рок од 14 дена од денот кога се враќа стоката на „Знаци на времето“ или откако ќе се обезбеди доказ дека стоката е испратенa назад.
Враќањето на средствата на купувачот ќе се изврши на ист начин како и плаќањето. Купувачот е должен да ја испорача или испрати стоката (на адресата на која ќе биде испратена) без непотребно одложување, а во секој случај најдоцна во рок од 14 дена од денот кога купувачот ја испратил својата одлука за еднострано раскинување на договорот. Директните трошоци за враќање на стоката ги сноси купувачот. Купувачот е одговорен за какво било оштетување на стоката што произлегува од ракување со стоката, освен она што било потребно за да се утврдат природата, обележјата и функционалноста на стоката.

13. ПРИМЕНА НА УСЛОВИТЕ НА ПРОДАЖБА

Со користење на услугите на „Знаци на времето“, ги прифаќате овие Услови на продажба. Ако не се согласувате со условите, не ja користете ова веб-страница или не нарачувајте производи преку неа. Оваа веб-страница содржи информации за продавањето на производите и услугите на „Знаци на времето“ и служи како електронско продажно место – веб-продавница. „Знаци на времето“ не одговара за каква било штета предизвикана од употребата на оваа веб-страница и употребата на информациите од оваа веб-страница за цели што ја надминуваат нивната намена.

14. КОНЕЧНИ ОДРЕДБИ

Со прифаќање на овие услови за продажба, купувачот се согласува со одредбите на овие услови и прифаќа дека тие се составен дел од договорот.

Pin It on Pinterest