Библии

Библијата е пишан Божји збор преку кој Бог ја објавува Својата љубов, Својата волја, и Своите најдобри намери кон човештвото. Нејзините неисцрпливи извори на вистина биле предмет на проучување на милиони луѓе низ илјадници години, и биле нивна постојана надеж за нешто многу повеќе од овоземниот живот. На нејзините страници Божјиот карактер блеснува со боите на виножитото, давајќи радост на животот и будејќи ја верата која ја досега раката на Бесконечниот. Запознајте го и вие вечниот живот кој Бог го дарува на секој човек кој чекори по оваа планета, и спасението што е платено со најскапата цена – животот на нашиот Спасител Исус Христос. Не презирајте го и не отфрлајте го бесценетиот дар на Христовата праведност која ќе ве направи да бидете светило на овој свет, и на тој начин ќе му ја дадете највисоката слава на Бога. На оваа страна можете да ја нарачате целата Библија (која ги вклучува списите на Стариот и Новиот Завет), Новиот завет, или Библија за млади која е прилагодена за нивните приемчиви умови, со сликовити описи на клучни библиски настани за нивно полесно разбирање. Исто така, можете да нарачате и други помошни материјали кои ќе го збогатат вашето проучување на Библијата. НАПОМЕНА: Сите изданија на оваа страна се од „Библиското Здружение на Република Македонија“.

Свето Писмо (Библија) – Стар и Нов Завет

Нов Завет

Помошни книги

Pin It on Pinterest