Библија за млади

350 ден

Во морето од информации, на дофат имаме вистински бесценет бисер – Библија за млади, која претставува возбудлив приказ на светот на Библијата. Ова единствено издание содржи збирка од одбрани настани, прераскажани со живописен стил и претставени со привлечни илустрации, кои помагаат полесно да се разбере и запомни библискиот текст. Иако илустрираната Библија не е замена за самата Библија, таа е четиво кое ќе поттикне и разгори желба кај младите за подлабоко запознавање со целокупната Библија. А колку поскоро започнат со читање, примајќи го со тоа најдоброто воспитување и најквалитетното образование, резултатот ќе биде очигледен – правилно изграден каракатер.

Оваа книга пред младиот читател го отвора минатото, сегашноста и иднината. Од искуствата на библиските ликови тој учи како да се биде среќен во животот, што може да му даде сила успешно да ги совладува предизвиците, како човек да има цврст и постојан карактер, му дава утеха во тага, сигурност среде несигурниот свет и духовно водство среде општество во кое владе неморал и зло. И сетото тоа проникнато со вистинската приказна за Исус, за напредокот и ширењето на христијанската вера, за последните времиња и настаните поврзани со нив, изнесени на современ начин за полесно да се разбере и подобро да се запомни библискaта порака и да се примени во секојдневниот живот.

НАПОМЕНА: „Библија за млади“ е издадена од страна на Библиско Здружение на Република Македонија.

50 на залиха

Дополнителни информации

Повез

тврд

Страни

433

Димензии

17 cm x 24 cm

Тежина

877 gr

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Библија за млади”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest