Новиот Завет (црвена боја)

350 ден

Новиот Завет, заедно со Стариот Завет, го сочинуваат Светото Писмо односно Библијата, која е една од највлијателните книги во историјата на човештвото, чија содржина претставува инспирација за западната филозофија, уметност, литература и култура како ниедно друго дело.

Новиот Завет ги бележи важните детали за животот и учењата на Исус Христос во четирите евангелија (Матеј, Марко, Лука, Јован), пасторалните посланија на апостол Павле и посланијата на апостолите Јаков, Петар, Јован и Јуда. Завршува со Откровението на Исус Христос, запишано од апостол Јован напишано на островот Патмос во 96 година од н.е.

Во Новиот Завет е објавено доaѓањето на Исус Христос на Земјата како човек, неговиот живот и служба, неговата мисија, порака и чудата што ги правел, неговата смрт, погреб, воскресение, вознесение и ветувањето за неговото славно Второ доаѓање. Со оваа објава, која горела во срцата на првите христијани, биле поставени темелите на христијанството, кое до денешен ден ја пренесува својата толку важна порака, порака која има моќ да го промени животот на секој човек, да влее надеж, да инспирира и охрабри, да поучи и изгради, да зајакне и вдахне.

Ова џебно издание на Новиот Завет е практично за носење и овозможува овие драгоцени страници да бидат лесно достапни со нас во секое време.

НАПОМЕНА: Ова издание на „Новиот Завет“ е издадено од страна на Библиско Здружение на Република Македонија.

Дополнителни информации

Повез

мек

Страни

665

Димензии

11 cm x 15 cm

Тежина

190 gr

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Новиот Завет (црвена боја)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest