Копнежот на вековите

500 ден600 ден

Ова е, покрај Библијата, можеби најважната книга за животот на Месијата, за животот на Исус од Назарет. Во „Копнежот на вековите“ подробно се разработени настаните од неговиот живот, почнувајќи од состојбата на светот во времето на неговото раѓање во Витлеем, преку неговата јавна служба, до распнувањето на Голгота и воскресението.

Знаењето за Исус е нешто што едноставно не смеете да си дозволите да остане непознатица за Вас. Постојат секакви верувања за тоа кој бил Исус и што значи Тој за човекот. Многу од тие верувања се погрешни или конфузни, базирани на површни и неретко контрадикторни извори на информации. Сето тоа понекогаш доведува до градење на една искривена слика која создава одбивност кај современиот човек. Прочитајте ја оваа книга и уверете се колку се всушност современи вистините содржани во неа.

Информациите што ќе ги добиете читајќи ја книгата „Копнежот на вековите“ се засновани на Библијата, а таа е проверен извор и сигурен темел.

Стилот на пишување е лесно разбирлив, а сепак длабок и прониклив, и нема да Ве остави рамнодушни.

Дополнителни информации

Тежина Не е достапно
Димензии 14 × 20.5 cm
Повез

мек, тврд

Страни

784

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Копнежот на вековите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest