Темели на среќниот дом
350 ден
Ако е втемелен на вистинските вредности, домот станува прекрасна оаза, место на љубов и разбирање, трпеливо поучување и радосно учење, одмор и мир. Во него секој член наоѓа и дава поддршка и разбирање, помош и соработка, утеха и охрабрување, несебичност и великодушност. Нежноста и благоста, топлината и љубезноста се дел од секојдневните односи, а грижата еден за друг никогаш не отсуствува.
Но, таквиот дом не настанува случајно. Тој се постигнува со градење на семејните односи врз вистински вредности, следење на мудрите совети и применување на основните христијански принципи.
Како што картата му ја покажува насоката на патникот, така книгата Темели на среќниот дом е сигурен водич низ понекогаш збунувачките и непознати патеки на брачните односи, одговорностите на родителството и семејниот живот.
49 на залиха
Дополнителни информации
Повез | мек |
---|---|
Страни | 485 |
Димензии | 14 cm x 20.5 cm |
Тежина | 598 gr |
Мислења