Здрав и среќен живот
350 ден
Светот е преплавен од болести и страдања кои навалуваат со незапирлив и застрашувачки порој како никогаш порано. Каде и да живеат, луѓето од нешто боледуваат, стравуваат и тагуваат. На сите страни се слушаат очајни повици за помош.
Творецот не сакал човештвото да носи такво бреме од маки и болки, неволји и грижи, неговите работни способности да бидат разорени, неговите сили да слабеат, а неговиот животен век да биде така грубо скратен поради болести. Меѓутоа, законите што Бог ги воспоставил да владеат со животот, често безобѕирно се кршат; гревот навлегува во срцето, а човекот ја губи од вид својата зависност од Бога, од единствениот вистински Извор на животот и здравјето. Затоа неминовно настапуваат последиците од престапот страдања, болести, смрт.
Да ги разбереме физичките закони кои управуваат со телото и нашите животни навики да ги усогласиме со овие закони – тоа е одговорност која има примарно значење. Постои потреба да ги познаваме бројните фактори кои придонесуваат човекот да биде навистина среќен – радосен дом, почитување на законите на животот, правилен однос кон ближните.
Во оваа книга писателката, жена со големо и длабоко ис куство во практичниот живот, жена посебно удостоена со редок дар на проникливост и знаење, овозможила за секоја мајка и татко, за секој маж и жена, лаик и професионалец, да биде достапна огромната ризница од корисни информации за животот и неговите закони, за здравјето и за неговото одржување, за заболувањата и средствата за нивно лекување, за гревот и за исцелувањето на душата.
Книгата е напишана со јасен, едноставен и преубав јазик, поучна за оној што од неа учи, полна со надеж за безнадежниот, со радост и утеха за болниот, а спокојство и душевен мир за исцрпениот и уморниот. Веќе неколку децении, таа им ја соопштува својата корисна вест на стотици илјади луѓе, бидејќи доживеала бројни изданија во многу земји, на повеќе од триесет светски јазици.
Additional information
| Повез | мек |
|---|---|
| Страни | 451 |
| Димензии | 14 cm x 20.5 cm |
| Тежина | 140 gr |

















Reviews