Археологијата ја потврдува Библијата

Купи!

150 ден

ЦЕЛТА НА ОВАА КНИГА не е да изнесе некаква вчудовидувачка или фрапантна приказна за возбудливата и богата историја на библиската археологија, ниту пак таа е запис од патувањата низ библиските земји. Таа е дури и нешто повеќе од збирка на впечатоци стекнати при посетите и личното учество во археолошките ископини при истражувањето на одделни археолошки локалитети каде што настанувала библиската историја; таа е повеќе од студија на пронајдените археолошки предмети сместени во големите светски музеи што ги посетил авторот.

Одделни наслови од книгата прво се појавија во разни списанија: Scientia Podravina, Библиски погледи, Археолошки зборник, Знаци времена, Одјек и др. Преработени и дополнети, овие прилози се собрани во вид на книга. Тоа е сторено по желба и барање на многу пријатели, студенти, радио и ТВ водители и нивните слушатели и гледачи, новинари и посетители на стотици предавања што ги одржа авторот во разни градови и сали во над дваесет земји на светот под наслов „Чудесните археолошки откритија во библиските земји“.

Читателот ќе сфати дека на ограничен простор од стотина страници не може да се претстави повеќе од еден мал дел од богатата археолошка граѓа – граѓа која ќе ни помогне да ја разбереме Библијата, зашто на посебен начин таа поддржува и потврдува многу нејзини страници.

Искрено се надевам дека ова малечко дело уште како ќе биде корисно при прикажувањето на начинот како спомениците од одамнешното минато ја потврдуваат Библијата, осветлувајќи одделни историски личности и настани од неа.

Драго Обрадовиќ

Професорот Обрадовиќ е искусен стручњак, меѓународен патник и истражувач на археолошки локалитети, универзитетски професор по предметите: Археологијата на блискиот исток, Историја на цивилизациите и Светото писмо на Стариот завет, кој поминал три децении во археолошки и научни експедиции во Египет, Израел, Јордан, Либан, Сирија, Турција и Грција. Повеќе пати ги посетил и ги снимил заборавените градови на древните цивилизации.

50 на залиха

Дополнителни информации

Повез

мек

Страни

110

Димензии

12 cm x 18 cm

Тежина

116 gr

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Археологијата ја потврдува Библијата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest