Едиција „Космички конфликт“

1,200 ден1,500 ден

Едицијата „Космички конфликт“ ја сочинуваат следниве пет книги:
Патријарси и пророци
Пророци и цареви
Копнежот на вековите
Делата на апостолите
Големата борба

Овие пет книги ги покриваат настаните опишани низ целата Библија, почнувајќи од првата библиска книга – Битие, се’ до последната библиска книга – Откровение. Основната тема која се развива во овие книги е контроверзата или космичкиот конфликтот што се води помеѓу Христос и сатаната.

Оваа едиција отвора прозорец кон духовната војна што започнала како бунт на небото од страна на Луцифер, уште пред создавањето на нашата планета. Продолжува со извештајот за тоа како таа војна се проширила на земјата, преку падот на Адам и Ева во грев. Следува воспоставувањето на нација – Божји народ, кој требало да го открие вистинскиот Божји карактер на околните народи и на целиот свет. Народ, кој на жалост, низ вековите кои се нижеле, под директно влијание на сатаната, тонел во длабок духовен отпад и идолопоклонство, пожнејувајќи ги плодовите за својот бунт и пркос против Бога. Иако сите тие извештаи се оддалечени од современиот читател со милениуми, сепак во себе содржат безвременски практични поуки, овозможјувајќи му да учи од грешките на Божјиот народ, одблизу запознавајќи се со духовните законитости кои го афектираат животот на секој човек.

Централната книга од оваа едиција е „Копнежот на вековите“, која во детали се бави со животот на Господ Исус Христос, кој живеел живот што ние требало да го живееме, и умрел со смрт со која ние сме заслужиле да умреме, станувајќи грев за нас, за ние да станеме Божја правда во Него. Извојувајќи победа над сатаната, над гревод и над смртта, Исус ни подарува благодат врз благодат со која и ние можеме да бидеме победници над сатаната, над гревот и над смртта.

Оваа едиција продолжува со извештајот за животот на првата христијанска црква, ширењето на христијанството и поуките кои апостолите ги упатувале до тогашните христијани. Поуки кои што во огромна мера се релевантни и за нас денес. Последната книга од оваа едиција почнува со ужасниот извештај за разорувањето на Ерусалим од страна на римскиот окупатор. Продолжува со описот на големиот духовен отпад до кој дошло внатре во самото христијанство, особено ставајќи акцент на средниот мрачен век и почетоците, прогресот и просперитетот на протестантската реформација. На крајот фокусот е ставен на Бојжјиот остаток (Откровение 12:17), последната силна порака што ќе биде упатена до сите луѓе – Тројната Ангелска Вест (Откровение 14:6-12), резултатите од проповедањето на таа порака, т.е. поларизацијата на човештвото во две групи, оние што ќе застанат на Божјата страна, и оние што ќе се престројат во редовите на сатаната. Последните поглавја се однесуваат на последните настани од историјата на овој свет, конечното уништување на сатаната, неговите демони и грешниците од сите векови, по што следува описот за новото небо и новата земја, и јасниот заклучок дека космичкиот конфликт т.е. големата контроверза околу Божјиот карактер е завршена и сите созданија во универзумот се осведочени дека „Бог е љубов“.

Дополнителни информации

Тежина Не е достапно
Повез

мек, тврд

Страни

Вкупно од сите 5 книги: 3306 страни

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Едиција „Космички конфликт“”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest