Утре почнува денеска

150 ден

И самиот наслов на оваа книга е доволен да го плени човека да ја прочита, а нејзиниот привлечен мал формат и ведриот дизајн на кориците ќе ја запечатат Вашата одлука таа да стане дел од Вашата домашна библиотека!

Изделуваме неколку текстови од нејзината содржина:

„Патниците што патуваат по светот можат да забележат многубројни споменици подигнати во чест на луѓето кои нивните сонародници ги сметале за големи. Меѓу тие луѓе се наоѓаат познати војсководители – силни генерали и адмирали. Меѓутоа, во својата огромна мудрост Соломон истакнува дека самосовладувањето е подостојно за почит и претставува вистинска големина во однос на секоја друга победа. Мерено со големината на човечкото искуство, заземањето на еден град е знаменита победа. Според божествените мерила, да се има контрола над самиот себе – да се биде господар над се­беси – е многу поголемо достигање. Овие достигања не се наменети само за одбрани луѓе. Тие му стојат при рака на секого од нас. Секој самиот себеси си е најдобриот пријател – или непријател!“

„Самосовладувањето има мошне значајно место во животот. Тоа е вредност што создава разлика меѓу водачот и оној што ѝ се препушта на стихијата. Водач е секој човек што може да господари со себеси…“

„Реката на својот пат кон океанот секогаш бира пат на кој наидува на најмалечок отпор… Слично поминуваат сите што се обидуваат да пронајдат најлесен пат низ животните должности, зашто на крај сепак пронаоѓаат подолг и потежок пат…“

„Фактот што во животот сите мораме да се соочуваме со фрустрации ниту одблизу не е толку значаен колку нашиот став кон нив…“

50 на залиха

Дополнителни информации

Повез

мек

Страни

288

Димензии

9 cm x 12 cm

Тежина

140 gr

Мислења

Бидете први кои ќе напишете мислење за “Утре почнува денеска”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest