Доброто ќе го победи злото
Original price was: 160 ден.100 денCurrent price is: 100 ден.
Книгата „Доброто ќе го победи злото“ го следи вселенскиот судир помеѓу доброто и злото, кој со крупни чекори се ближи кон својот крај. Земјата е тоа бојно поле на кое се одигрува таа Голема борба.
- Како започнала Големата борба меѓу доброто и злото?
- Кој сè е вклучен во овој вековен конфликт?
- Дали сме ние само неми гледачи или активни учесници?
- Околу што се води тој судир и како ќе заврши?
Наскоро нема да има повеќе грев и грешници. „Целата вселена е чиста. Во целата неизмерна вселена владеат потполна хармонија и радост. Од оној кој создал сè тече живот, светлост и радост низ сите светови во бесконечното пространства. Од најмалечкиот атом до најголемиот свет, сè што е создадено, и живата и неживата природа, во својата непоматена убавина и совршена радост зборуваат дека Бог е љубов“ (Големата борба, 595).
Бог ќе живее со нив, „и тие ќе бидат негов народ, и самиот Бог ќе биде со нив, и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина. И Оној, кој седи на престолот, рече: ‘Ете, правам сè ново’. Уште рече: ‘Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!’“ (Откровение 21,3-5)
50 на залиха
Дополнителни информации
| Повез | мек |
|---|---|
| Страни | 136 |
| Димензии | 14 cm x 20.5 cm |
| Тежина | 178 gr |
















Мислења