Христос се роди

30 ден

Доаѓајќи да живее меѓу нас, Исус требало да им го открие Бога и на луѓето и на ангелите. Тој бил Божја реч – Божја мисла што можела да се чуе. Во својата молитва за своите ученици Тој рекол: „Им го објавив името твое“ (Јован 17,26) – „милослив и жалослив, бавно се гневи, богат со љубов и со верност“; „љубовта, со која ме милееше мене, да биде во нив, и јас во нив“. Меѓутоа, ова откровение не им е дадено само на неговите деца на земјата. Нашиот малечок свет е учебник за вселената. Божјата прекрасна намера, проникната со милост, тајната на спасоносната љубов – е тема во која „сакаат да проникнат ангелите“ и која ќе се проучува низ бесконечните векови…

Со својата човечка природа Христос го допрел човештвото, а со својата божествена природа бил поврзан со Божјиот престол. Како Син човечки ни дал пример на послушност; како Син Божји ни дава сила да послушаме…

„Зашто ни се роди Дете, добивме Син, кој има власт на рамото“ (Исаија 9,6). Бог ја усвоил човечката природа во личноста на својот Син и ја пренел во највисокото небо. „Синот човечки“ е тој што го дели престолот на вселената. „Синот човечки“ е тој чиешто име ќе биде „Красен, Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез мироносен“ (Исаија 9,6). ЈАС СУМ е Посредник меѓ у Бога и човештвото, положувајќи ги рацете врз обајцата. Тој, кој е „свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците“, не се срамува нас да нè нарече браќа (Евреите 7,26; 2,11). Во Христа меѓусебно се поврзани земното и небесното  семејство. Прославениот Христос е наш брат. Небото е обвиено  со човечка природа, а човечкото почива врз градите на бесконечната Љубов.

Дополнителни информации

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Христос се роди”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest