Најважниот настан

30 ден

Кога се понизил и зел на себе човечка природа, Христос открил карактер спротивен на карактерот на сатаната. Меѓутоа, Тој слегол уште пониско на патеката на понижувањето. „Се понизи самиот себеси и стана послушен до смрт, дури до смрт на крст“ (Филипјаните 2,8)…

Со Христа се постапувало онака како што заслужуваме ние, за со нас да се постапува онака како што заслужува Тој. Тој бил осуден поради нашите гревови во кои немал удел, за ние да можеме да бидеме  оправдани  со неговата праведност во која немаме удел. Претрпел смрт што била наша, за ние да примиме живот што бил негов. „Со неговата рана ние се исцеливме“.

Со својот живот и со својата смрт Христос постиг нал повеќе отколку само обнова на она што било уништено  со  гревот. Намера на сатаната била да предизвика вечна разделба меѓу Бога и човекот; но во Христа ние сме стапиле во многу поинтимна заедница со Бога отколку никогаш да не сме пад нале. Со тоа што зел наша природа, Спасителот се поврзал со човештвото со врска што никогаш нема да се раскине. Тој е поврзан со нас низ сета вечност. „Бог толку го милее светот, што го даде и својот единороден Син“ (Јован 3,16)… Тоа е залог дека Бог ќе ја исполни својата реч.

Дополнителни информации

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Најважниот настан”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest