Второто Христово доаѓање

30 ден

Современиот човек, со просечна култура и образование, мошне малку знае за второто Христово доаѓање. Мислата за можниот крај на сегашниот поредок на работите нема место во умот на човекот на нашето време кој, под влијание на модерниот начин на живот, не сака да размислува за суштинските прашања на човековото постоење и за смислата на иднината на човештвото.

Во рамките на новиот филозофски начин на размислување не може да се вклопи мислата за второто Христово доаѓање, зашто таа навидум е надвор од секое разумно сфаќање на човечките феномени. Имено, сите што веруваат во Бога и во конечна победа на вистината се нарекуваат мистици, луѓе кои немаат смисла за логика, или луѓе кои „не стојат цврсто“ на земјата. Некои се обидуваат нив да ги наредат во определени психолошки групи. Може да се слушне прашањето: „Зар е можно сè уште да постојат луѓе кои веруваат во такви бесмислици?“ Тие сметаат дека треба да се верува во човекот и во неговите умни способности при решавањето на проблемите на човештвото. Треба да се верува дека човекот во својот гениј ќе успее да најде доволно сили да воспостави мир на земјата, да ги нахрани гладните, да ги напои жедните со вода за пиење и да пронајде лек за умните и физичките болести на човекот. Војните ќе престанат, на земјата ќе завладеат мир и среќа и таа ќе стане рај без да се заплетка некоја натприродна божествена сила. Верата во Бога и во неговото провидение во човечката историја е чист производ на човечката душа соочена со земните неприлики ­ тврдат овие мислители.

Дополнителни информации

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Второто Христово доаѓање”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest