Историјата на доброто и злото

30 ден

Поимот „историја“ опфаќа многу различни текови на настани кои како нишки паралелно се случувале и се испреплетувале низ времето: политичка историја, историја на јазиците, историја на војувањето, на уметноста, музиката, архитектурата, историја на медицината, етнологијата…

Целта на овој проект е да Ви ја претстави онаа нишка на историјата за која малку се знае и малку се зборува, Историјата на борбата меѓу доброто и злото ­ нејзините почетоци, развој и завршница.

Во оваа брошура, врз основа на БИБЛИЈАТА и ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ, направен е пресек на најважните настани кои овозможуваат сликовит преглед на повеќевековната борба меѓу доброто и злото, наназад во минатото, но и напред во иднината.

Се разбира, на толку мал простор не е можно да се опфатат сите нас тани и детали кои се случиле во овој долг временски пе риод. Идејата е, во скратена форма, во една целина, да Ви го изнесеме она што, понекогаш,  поради  брзото темпо на животот и навиката да се примаат  инстант  информации, останува  скриено меѓу кориците на големите книги, за кои „немаме време“. А тоа што останува скриено е од непроценлива вредност за секој човек!

Дополнителни информации

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Историјата на доброто и злото”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest