Титаник – дали сме ние на ред?

30 ден

Титаник е повеќе отколку сторија за љубовта и смртта на вљубените Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо. Титаник е предупредување од највисок ред, речиси пророчки знак за злослутната несреќа која, слично на меч, виси над нашиот свет. Слично на Титаник, нашата цивилизација брзо чекори низ ноќта кон неизбежната судбина, многу пострашна од онаа што се случила во 1912 година. Секако, постои извесен напредок во многу области – во науката, техниката, медицината, напредок во квалитетот на животот… Но, под површината на нашиот напредок, сечилото што го распорило Титаник сега ја отвора утробата на нашата цивилизација. Економските, политичките и еколошките заштитни прегради не се ниту приближно сигурни од налетите на водата, како што ние често сме подготвени да веруваме. Сè што е потребно, тоа е една глобална катастрофа и бродот на нашиот свет ќе исчезне под водата.

Некои шепотат: „Мир, сигурност, напредок!“ Сепак, не можам да се ослободат од древното пророштво запишано во Библијата: „Кога ќе велат: ‘Мир и безбедност’“, тогаш ненадејно ќе падне погибел врз нив, како породилни маки… и не ќе можат да побегнат“ (1. Солунјаните 5:3). Таа гибелна вечер, непосредно пред несреќата, на еден од сопствениците на компанијата Вајт Стар Лајн му била врачена од блискиот брод порака дека Титаник оди во пресрет на ледени санти. Меѓуоа, овој сопственик на бродската компанија не му обрнувал внимание на предупредувањето, ја свиткал пораката, ја ставил во внатрешниот џеб на своето палто и им се придружил на другите во забавата.

Мир и сигурност; може ли да тргне наопаку? Дали нашата цивилизација се забавува вечерва под палубата на бродот што плови кон непосредна трагедија? Можно ли е предупредувањето што сме го примиле да нè избави од катаклизмичкиот крај?

Дополнителни информации

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Титаник – дали сме ние на ред?”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest