Библиски приказни за деца
450 ден
„Библиски приказни за деца“ е книга која воспоставува врска на искуствата на ликовите од Библијата со секојдневните искуства и предизвици на животот на едно дете. Приказните се прераскажани во понаративна форма, при што на моменти се додадени имиња и детали што не се изречно наведени во изворните текстови. Нешто поразлично во оваа книга е што приказните не го следат редоследот од Библијата, туку се организирани според нивната тема. На тој начин, книгата содржи три области: „Ти“, „Ти и другите“ и „Ти и светот“. Низ богатите содржини на ова дело најмладите се охрабруваат да развијат подлабоко разбирање и да се почувствуваат прифатени, сакани и сигурни во Божјата грижа.
НАПОМЕНА: „Библиски приказни за деца“ е издадена од страна на Библиско Здружение на Република Македонија.
43 на залиха
Дополнителни информации
| Повез | тврд |
|---|---|
| Страни | 433 |
| Димензии | 17 cm x 24 cm |
| Тежина | 877 gr |













Мислења