Нов светски поредок

30 ден

Идејата за нов светски поредок кружи низ светот повеќе години. За тоа можеме да читаме во дневниот печат, да слушаме на радио и ТВ, а исто така за него јавно зборуваат политичарите, водачите и другите луѓе од јавниот живот. На сите им е интересна оваа тема. Луѓето како да се уморни и заситени од стилот на сегашниов живот и бараат нешто ново, бараат промени. Секако, за ова има причина, бидејќи постојано слушаме за војни, за глад, за криминал, за финансиски шпекулации и проневери. Луѓето се сити од таквиот живот и навистина сакаат нешто подобро.

Како христијани, ние не сме против многубројните добри идеи и обиди да се подобрат условите за живот на оваа земја. Не, туку нас не загрижува скриената агенда за новиот светски поредок! Затоа Исус ни советува да бидеме претпазливи и мудри.

Прв човек кој неодамна јавно ја изнесе идејата за нов светски поредок беше поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Во февруари 1991 година тој ја даде следната изјава: „Величествена идеја! Нов светски поредок! Разни нации ќе се обединат за заеднички цели… Само САД имаат моќ да ги соберат!”

„Сакале или не, биле подготвени или не, сите ние сме вклучени во тој процес… Тоа е натпревар во кој секој се обидува прв да воспостави прва светска влада каква што никогаш не постоела на светот. Кој ќе поседува двојна сила, двоен авторитет, да владее и да ги контролира поединците и сите нас како општество?” (Malachi Marthin, The Keys of His Blood, 15).

Која е целта на новиот светски поредок? Зошто во последно време се почесто се споменува изразот „нов светски поредок”?

Дополнителни информации

Мислења

Бидете први кои ќе разгледате “Нов светски поредок”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest