Зошто раѓањето на Иса во Куранот е третирано уникатно?
30 ден
Исламската света книга, Куранот, е „примарен, основен, најважен и незаобиколен извор на целокупното Исламско учење“. Тој е „темелен извор на исламското верување и вруток од каде што извира исламската вера“. Секогаш кога се дискутира за одредено прашање во врска со исламската доктрина, исламските теолози нè упатуваат да се консултираме со Куранот. Едно од прашањата, за кое е издвоено голем простор во Куранот, и кое, според исламската класификација, спаѓа во категоријата на шесте основни столба на исламската доктрина, е верата во Алаховите пратеници.
Читајќи го Куранскиот извештај, забележуваме дека најмногу информации во врска со раѓањето на еден од споменатите пророци наоѓаме за пророкот Иса. Дваесет и осум текстови, од вкупно 93 стихови распоредени во 15 сури во Куранот, кои го третираат портретот на овој славен пророк, се посветени на неговото раѓање. Од друга страна, не само што една третина од споменатиот број е посветена на неговото раѓање, туку забележуваме дека начинот и околностите поврзани со неговото раѓање во Куранот се третираат на еден посебен, уникатен начин. Намерата на оваа брошура е да одговори на прашањето: „Зошто, како и според што раѓањето на Иса во Куранот е третирано уникатно?
Мислења