Со надеж крај гробот

30 ден

Светото Писмо е Божјата книга на животот, а не на смртта. Религијата на Библијата е религија „на празниот гроб“. Христос ги победил гробот и смртта. Воскреснал од мртвите и на сите луѓе им дал надеж во воскресение. Кога би го подигнале погледот кон Исуса Христа, би го виделе Оној „кој ја уништи смртта и го објави животот и бесмртноста преку Евангелието“ (2. Тимотеј 1,10).

За  многу  луѓе  во  светот смртта е крај на сè, последен чин во драмата на животот. Но за животот и за смртта Библијата знае повеќе отколку филозофите на сите времиња. Таа за природата на човекот знае повеќе отколку сите мислители на светот, зашто во неа зборува сам Бог.

Читајќи го Светото Писмо, мораме постојано да имаме на ум дека кај Бога „нема ниту промена, ниту сенка од измена“ (Јаков 1,17). Исус Христос е Бог на почетокот, во текот и на крајот на нашиот краток живот, „вчера, и денес, и во вечни векови“ (Евреите 13,8). Тој е Светлина на животот и вечната Љубов. Она што Христос бил од самиот почеток, тоа ќе биде и во вечноста. Бог никогаш  не ја менува својата природа. Промена не се случила во природата на Бога, туку во природата на човекот. Гревот го расипал Божјиот лик во луѓето. Смртта и трагедиите на човештвото се предизвикани од гревот и беззаконието. Како се случило тоа? Од каде дошла смртта?

Дополнителни информации

Мислења

Бидете први кои ќе напишете мислење за “Со надеж крај гробот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest