Силата на вечното евангелие
200 ден
Прашајте група христијани „Што претставува Евангелието?“ и ќе го добиете неизбежниот одговор: „Евангелието е радосна вест“.
Но, не за сите.
Некои христијани ги збунува поимот Евангелие. Дали Евангелието претставува оправдување, или посветување, или и едното и другото? Што навистина значат тие зборови? Ако Евангелието претставува радосна вест, зошто тогаш црквата не е придвижена, зајакната и освежена од таа вест?
За други Евангелието личи на теолошко борбено подрачје во кое се водат битки околку одредниците и значењето на зборт, во кој правоверните тврдења се урамнотежуваат со обвинувањата за ерес, и во која дебатите често создаваат поголема вжештеност отколку светлина.
Илјадници луѓе во текот на изминатите години слушале еден проповедник, кој успеал Евангелието да го направи толку јасно и мошне едноставно, што мнозина во неговото проучување, за прв пат во своето христијанско искуство, пронашле сигурност и спасение. Во оваа книга проповедникот Џек Секвеира успешно ја издвоил суштината на својата порака и го создал овој привлечен и нов текст.
Евангелието е далеку повеќе од срдечно духовно чувство. Подгответе се да учествувате во откритие кое навистина претставува повеќе од обично ВЕРУВАЊЕ, откритие кое е СТВАРНОСТ.
50 на залиха
Дополнителни информации
Повез | мек |
---|---|
Страни | 169 |
Димензии | 14 cm x 20.5 cm |
Тежина | 222 gr |
Мислења