Доживеј ја радоста

ден

Ненадеен прекин! Телефонската врска е мртва. Тишина. Повторно го бирате бројот брзо, но напразно. Чувствувате разочарување, страв, напнатост, итна потреба. Што сега? Како повторно да се стапи во врска?
Сите сме доживеале некој вид на прекинување врска – од едноставен прекин на телефонски разговор до уништени односи поради „краток спој“ или целосно неразбирање. Потребата за повторен почеток на разговорот, поправање или обновување на односите понекогаш се чини застрашувачка и дека не вреди да се вложи труд, а понекогаш е пресудна за самото постоење или за чувствата во срцето.
Бог се обидува да ја воспостави прекинатата врска со вас. Некаде се случил прекин, и покрај тоа што условите можат да изгледаат сложени. Тој прави сè што е во Негова моќ за да продолжи таму каде што сте застанале и да го обнови разговорот. Во Библијата, во збирката стари записи за човечките искуства со Богa, Тој ја повикува секоја личност да седне и да разговара со Него – а тој повик вреди и за вас.
Запознавањето на Бога може да има различни облици – преку разговор со пријателите и изнесување лични искуства, до размислувања, молитви и проучување на Библијата. Библијата изобилува со бројни лични искуства на луѓе кои живееле одамна, за тоа како Бог се обидувал да воспостави контакт со нив – колку далеку одел за да ги пронајде, да ги следи, да ги привлече, да ги спаси и конечно да воспостави врска која некаде патем се прекинала. Во текот на вековите ништо не се променило. Тој и понатаму тоа го прави.

50 на залиха

Дополнителни информации

Повез

мек

Страни

305

Димензии

14.4 cm x 20.6 cm

Тежина

178 gr

Мислења

Бидете први кои ќе напишете мислење за “Доживеј ја радоста”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest