Подарок! Внимавај жив е!

200 ден

Кој бил Исус? – На ова прашање писателот, Јанош Ковач-Биро, бара одговор во својата книга. Негo не го води само неговото интересирање за историјата, ниту негова цел е да го прошири нашето општо знаење, а не го поттикнале на пишување ни историските локации. Во овој збркан и замрсен свет човекот трага по самиот себе. Тој е заинтересиран за две прашања: „Кој сум јас?” и „Кој е Бог?” Впрочем, по овие одговори ние трагаме цел живот. А на споменатите две прашања постои само еден одговор: Синот Човечки, Исус Христос. Ова сознание не му е потребно на Бога, туку нам – за повторно да ја пронајдеме среќата што ја носи спознанието дека сме создадени според Божјиот лик. Писателот преку својата книга ни помага да го запознаеме Синот Човечки, а кога го откриваме него, се запознаваме и себеси – тоа ја претставува суштината на она по што трагаме целиот свој живот. Свети Августин имал право кога во своите Исповеди напишал: „Ти, Господе, нè создаде за Себе и затоа нашето срце е немирно сè додека не го најде мирот во Тебе“.

50 на залиха

Дополнителни информации

Повез

мек

Страни

202

Димензии

13.8 cm x 20 cm

Тежина

248 gr

Мислења

Бидете први кои ќе напишете мислење за “Подарок! Внимавај жив е!”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest