Дар за тебе
10 ден
Tелефонскиот повик – повик кој сите го очекувале со страв, но и со надеж – се случил во два часот по полноќ. „Имаме срце за Драган“, рекол гласот. Сите се надевале на овој повик, бидејќи дванаесетгодишниот Драган одамна бил на листата за чекање за трансплантација на срцето, уште пред неговата состојба да почне да се влошува, а наскоро толку би се влошилa што веќе не би можел да биде кандидат за операција. Ако дошло до тоа, неговото име би било избришано од листата, а заедно со името и неговата последна надеж. Но тој ден Драган и неговото семејство примиле неверојатен дар – ново срце – нов живот…
Мислења