5 дневен план за одвикнување од пушењето
30 ден
Петдневниот план е еден од најстарите и најефективни планови за откажување од пушењето. Овој план, кој е објавен од J. Вејн Мекфарланд, M. Д. и Елман Ј. Фолкенберег во 1964 година, досега е раширен во речиси сите земји на планетата со околу 20 милиони учесници. Петдневниот план има добиено признанија од Светската здравствена организација, Американското здружение за борба против ракот, Американската белодробна асоцијација и Американската здравствена асоцијација.
Овој план ги води учесниците низ петдневна програма, со цел, чекор по чекор, да ги сменат своите дневни навики и да се откажат од пушењето. Преку психолошки мотивации, како што се потврдните изјави и промени во режимот на исхрана, петдневниот план работи на одвикнување на учесниците од пушење. Овој план исто така ги обработува и проблемите врзани за зголемувањето на тежината и други пропратни симптоми при откажувањето од пушење и за нив дава соодветни активности кои помагаат да се надминат ваквите проблеми и секој да биде слободен од зависноста од цигарите.
Lidija –
И јас сакам да се од викнам од пушење
Вероника Стојановска –
Верувам дека ваков план би ми помогнал