Разбуди нè повторно

150 ден

„Будењето на вистинска побожност меѓу нас е наша најголема и најитна потреба“ (SM, книга 1, стр. 121).

Нема ништо друго што ѝ е понеопходно на Адвентистичката црква од вистинско духовно будење. Не постои ништо што кај сатаната внесува поголем страв како ова ветено будење. И нема ништо поважно за службениците во Црквата, за проповедниците и верниците од тоа заеднички да бараат да се оствари тоа будење. Нема поголем приоритет.
Во својата книга „Разбуди нè повторно“, пасторот Марк Финли нè повикува да го отвориме своето срце и својот ум во понизна молитва. Бидејќи будењето секогаш почнува со еден човек, една жена, едно момче и една девојка што на колена го бараат Бога, и вие можете да бидете личност која Бог ќе ја ползува за да дарува будење во вашиот дом, во црквата, школото, или во делот на светот во кој живеете.
Додека ја читате оваа книга, нека се воздигне молитва од вашето срце: „Господе, разбуди ме повторно“.

Пасторот Марк Финли и неговата жена, Ернестина, во христијанската служба се вклучени повеќе од 40 години со проповедање, поучување, држење семинари за духовен раст и предавања за здрав начин на живот. Пасторот Финли работел како директор/говорник на телевизиската програма It is Written (Пишано е) од 1994 – 2004 година. Тој патува по светот како меѓународен евангелист, обраќајќи се до илјадници луѓе на големи евангелски собири. Денес служи како советник на претседателот на Генeралната конференција.

50 на залиха

Дополнителни информации

Повез

мек

Страни

149

Димензии

10.8 cm x 15.8 cm

Тежина

118 gr

Мислења

Бидете први кои ќе напишете мислење за “Разбуди нè повторно”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest