Каде е Бог кога страдам

10 ден

Денот почнува како и секој друг. Петчлено семејство патува со автомобил. Одненадеж доаѓа до судир. Метал, пластика и расфрлени тела. Тројца се мртви, а двајца тешко повредени. Меѓутоа, пијаниот возач на камионот, кој итал со голема брзина и удрил во нив, поминал само со модринки. Зошто?

Моќен диктатор добива контрола над цел народ, и милиони страдаат поради неговата злоупотреба на положбата. Зошто?

Докторот вели: „Имам лоша вест“, а потоа тажно објаснува дека имате рак. Зошто?

Вакви стории се случуваат секојдневно. Понекогаш ги слушаме само за време на вечерните вести, а понекогаш таа приказна е само наша. Кога закрепнуваме од шокот, не можеме а да не го поставиме најприродното прашање на светот: Ако Бог е семоќен и добар, тогаш зошто страдаме?

Дополнителни информации

Мислења

Бидете први кои ќе напишете мислење за “Каде е Бог кога страдам”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest