Христовите параболи

350 ден

Големиот Учител, Христос, своите најсилни мисли ги искажал патувајќи со своите ученици по ритчињата и долините на Палестина, или додека се одморал на бреговите на Галилејското Езеро и реките. Во своите параболи или споредби, земени од обичниот живот, Тој божествената вистина ја поврзувал со обичните настани, со искуствата на овчарите, на градителите или земјоделците, со искуствата на патниците и домаќинките. Познатите поими ги поврзувал со вистински прекрасни мисли – со мисли за Божјата нежна грижа за нас, за благодарноста што со право ја очекува од нас и за нашата должност да се грижиме едни за други. Овие поуки за божествената мудрост и за практичните, секојдневни вистини, ги објавувал силно и влијателно.

Во оваа книга неговите параболи се поделени, разработени и илустрирани тематски. Книгата е полна со вистински скапоцености и на многу читатели ќе им помогне посестрано да ја запознаат вредноста и важноста на она со што се опкружени во својот секојдневен живот.

Дополнителни информации

Димензии 14 × 20.5 cm
Повез

мек

Страни

364

Мислења

Бидете први кои ќе напишете мислење за “Христовите параболи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest