Десет дена во горната соба
250 ден
Дали некогаш сте се запрашале како учениците стекнале таква вера која не се колеба пред смртта? Што им дало таква храброст да го објавуваат Евангелието сè до крајот на земјата и покрај наизглед несовладливите тешкотии? Зошто толку се промениле по денот Педесетница? Петровите фалбени изјави се претвориле во моќно проповедање. Сомнежите на Тома се престориле во вера цврста како карпа. Јаков и Јован, синови на громот, потполно се промениле; станале скромни слуги на Господа Исуса Христа. Матеј, лукавиот собирач на даноци, станал верен историчар на Евангелието, а Марија, жена на лош глас, станала предан Христов претставник. Педесетница ја означила таа драматична промена во нивниот живот – таа може да донесе иста таква промена и во вашиот живот. Исполнети со силата на Светиот Дух, тие го промениле светот. За само неколку децении, Евангелието било распространето сè до границите на Римската империја.
Дали Исусовото ветување на Светиот Дух било само за тие ученици? Дали излевањето на небесната сила било ограничено само на нив? Или, можеби, Бог ни подготвил нешто што не сме во состојба ниту да го замислиме? Зборувајќи за ветувањето на денот Педесетница, Петар кажува: „Зашто вам ви припаѓа тоа ветување и на вашите деца и на сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог“ (Дела 2,39).
Дополнителни информации
Тежина | 0.12 g |
---|
Мислења