Археологијата и Библијата
300 ден
Проф. м-р сп. Драго Обрадовиќ е стручњак за археологија на Блискиот Исток. Студирал во Британија, а постдипломските студии ги завршил во САД на универзитетот Andrews, каде што најнапред магистрирал Археологија на Блискиот Исток и Историја на цивилизациите, а една година подоцна и Свето писмо, Стар завет, што го прави единствен стручњак од тој вид на просторот на Југоисточна Европа.
Тој е професор-гостувач по Археологија на Блискиот Исток, Историја на цивилизациите и Свето писмо, Стар завет, на повеќе факултети во разни земји на светот.
Веќе 36 години држи предавања во повеќе од 35 земји на сите континенти. Со своите предавања одушевил стотици илјади слушатели од сите општествени слоеви. Преку три децении редовно учествува на познати интернационални конгреси на библиските археолози и на археолошки, научни и студиски експедиции во Египет, Израел, Јордан, Либан, Сирија, Турција и Грција. Повеќе пати ги посетил и ги снимил заборавените градови на древните цивилизации кои никогаш не ги посетила ниедна филмска екипа. Редовно води групи на студиски патувања по земјите на Блискиот Исток.
Превел и напишал повеќе книги, а ќе спомнеме само некои: „Археологијата ја потврдува Библијата“, „Откријте ги чудата на древниот Египет“, „Сензационални откритија кои го возбудија светот“ и други.
Редовно настапува на радио и телевизија, а писател е и на бројни статии од областа на библиската археологија за разни светски списанија.
49 на залиха
Дополнителни информации
Повез | мек |
---|---|
Страни | 184 |
Димензии | 13.5 cm x 20 cm |
Тежина | 317 gr. |
Мислења