Апокалипса – Откровение

500 ден

Зборот „Апокалипса„ најчесто се поверзува со крајот на светот, со општо уништување и пропаст, но значењето на овој збор е сосема поинакво. Апокалипса е збор од грчко потекло и значи „подигање на велот“ или „откривање“, оттаму и нашиот превод на истоимената книга од Библијата, Откровение.

Откровението е последната книга во Библијата во која, како што кажува и самото нејзино име, е откриена иднината на светот – од времето на апостолот Јован кој заробен на островот Патмос ја запишал, па сè до крајот на историјата на доброто и злото, до Христовото второ доаѓање.

Авторот Марвин Максвел во книгата „Апокалипса – Откровение“ на извонредно разбирлив начин нè води низ објасувањето на симболите на оваа извонредна книга, поврзувајќи ги со нивните остварувања во вистинските историски настани на нашата планета.

Книгата Откровение крие извонредно богатство на сознанија за секој истраен трагач. Во неа ќе дознаеме за развојот на Христијанството, за политичките превирања низ вековите (дури и настанокот на САД е преткажан), за четворицата јавачи на Апокалипсата, за настаните кои ќе го карактеризираат времето на Второто Христово доаѓање и крајот на светот и почетокот на вечноста во која нема да има зло, страдања и смрт…

Зошто има толку многу различни Цркви? Која е вистинската Црква? Како да знам во кој дел од преткажаната историја на светот живееме сега? Зошто постојат војни, разорувања и смрт? Ова се само некои од прашањата на кои во оваа книга ќе добиете одговори, и тоа засновани на цврстиот темел на вистините од Библијата.

 

50 на залиха

Дополнителни информации

Повез

мек

Страни

736

Димензии

14 cm x 20 cm

Тежина

856 gr.

Мислења

Бидете први кои ќе напишете мислење за “Апокалипса – Откровение”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Вашето мислење ќе биде разгледано пред да биде објавено со цел да се оневозможат недолични и несоодветни содржини. Задолжителните полиња се означени со *

Кошничка

Pin It on Pinterest