Спасен од пеколниот пламен на спиритизмот
150 ден
Во текот на својата бурна историја нашата планета Земја поминувала низ тешки кризи и катастрофи со планетарни размери. И човештвото, кое ја гази нејзината почва, заедно со неа поминувало низ мракобесија во кои одвај преживувало. Но, сепак, наскоро поголем дел од човештвото ќе го голтне последното, најмракобесно мракобесие, наречено спиритизам.
Станува збор за надрационален феномен зад кој стојат мрачните демонски сили, мистерија со која нашиот рацио не може да се справи, бидејќи не дораснал ниту пак ќе дорасне да ја одгатне, правилно да ја сфати и успешно да се фати со неа во костец. Значи, соочени сме со феномени од областа на надрационалното, и ако не бидеме библиски, и единствено библиски подготвени да поделиме мегдан со нив, и нас ќе нè голтне нивното мракобесие.
Авторот на книгата што ја држите во рака, Илија Ампевски, потонал во матните води на спиритизмот и само што не се удавил. Тој во последен миг ја прифатил Божјата рака, која константно им е подадена на сите кои се во неволја и Бог го избавил од безизлезниот лавиринт на смртта, од лавиринтот на спиритизмот.
На извонредно убав и сликовит начин, низ личните искуства на авторот што ги опишува во својата книга, ние без здив, во живо ја следиме и ја гледаме жалната и очајна состојба во која се наоѓаат сите робови на спиритизмот, начинот на кој станале негови заробеници, и стравотиите и хорорите низ кои поминуваат пекајќи и барајќи излез од пеколните маки што ги тргаат.
Од тие причини книгата „Спасен од пеколниот пламен на спиритизмот“, од авторот Илија Ампевски, најсериозно им ја препорачувам на сите, пред сé како четиво кое на најинтересен и најуспешен можен начин ја разоткрива и обелоденува мистеријата на спиритизмот и ги урива столбовите врз кои тој почива, но и како превентива да не станат негов плен и трагично да завршат со животот.
Проф. Никола Тасевски
50 на залиха
Дополнителни информации
Повез | мек |
---|---|
Страни | 104 |
Димензии | 12.5 cm x 20 cm |
Тежина | 132 gr |
Мислења