Размислувај за големи нешта
250 ден
Оваа книга е продолжение на бестселерот „Надарени раце“ и во неа д-р Бен Карсон ја препорачува сопствената формула за успех. А кој може да даде подобар совет од човекот кој се преобразил од дете раснето во гето во прочуен детски неврохирург и кандидат за претседател на САД?
Својата филозофија на живеење д-р Карсон ја опишува со акроним:
Т (Talents&Time) Таленти и време: препознај ги како подароци.
H (Hope&Honesty) Надеж и искреност: надевај се за сите добри работи и биди искрен.
I (Insight) Црпи разбирање од луѓето и од добри книги.
N (Nice) Биди добар кон сите луѓе.
K (Knowledge) Знаење: препознај го како клуч за живеењето.
B (Books) Книги: активно читај ги.
I (In-depth learning skills) Развивај вештини за темелно учење.
G (God) Бог: никогаш не биди премногу голем за Него.
Главниот акцент во книгата „Размислувај за големи нешта“ (Think Big) е ставен на тоа како правилно да ги одмеруваме проблемите и како да реагираме на нив, со цел да ги надминеме и да извлечеме најмногу од својот внатрешен потенцијал.
49 на залиха
Дополнителни информации
Повез | мек |
---|---|
Страни | 272 |
Димензии | 13.5 cm x 20 cm |
Тежина | 313 gr |
Мислења