Гребенот на спасените
Original price was: 250 ден.200 денCurrent price is: 200 ден.
Среде таа избезумена трка се наоѓаше единствениот преостанат болничар во целиот баталјон, Дезмонд Дос. Трчаше од еден паднат војник до друг и правеше сè што е во негова моќ. Воопшто не мислеше како да ја спаси сопствената кожа; беше премногу зафатен за тоа. Не размислуваше за јапонските војници кои беа со него на врвот од ридот, кои пукаа и фрлаа гранати. Обучен како воен болничар, прекален во стотина акции, Дезмонд Дос смирено ја извршуваше својата работа спасувајќи ги повредените.
Што е тоа што на овој човек му даваше толкава сила и желба да им помага на ранетите војници, а притоа воопшто не грижејќи се за сопствениот живот?
Каква е таа сила што стоеше зад Дезмонд, на која не можеше да ѝ се спротивстави ни најсилното оружје?
Вистинската животна сторија за херојот Дезмонд Дос предизвикува бурни емоции. Влезе во историјата како човек на кој животот на другиот му е поважен од сопствениот. Без ниту еден испукан куршум, Дос стана еден од најголемите херои на Втората светска војна на кој му е доделен Орден на честа, највисокото воено одликување.
49 на залиха
Дополнителни информации
Повез | мек |
---|---|
Страни | 134 |
Димензии | 13.5 cm x 20 cm |
Тежина | 166 gr |
Мислења