Повикување на духови со помош на уиги табла

„Кај тебе нека не се најде… таков кој би повикувал духови и души на предците или кој би се обраќал на покојниците… ниту маж или жена… повикувачи на духови на мртви“ (5. Мојсеева 18,10.11; 3. Мојсеева 20,7 ; Библија).

Свирејќи на една свадба во 1990 година во Скопје, запознав девојка која живееше во Шведска. Нашето познанство прерасна во сериозна врска која требаше да заврши со брак. На нејзина покана во 1991 год. заминав во Малме, град во Шведска. Таа не беше полнолетна, но веќе завршуваше средно училиште.

Една вечер бевме поканети на гости кај нејзина школска другарка, Швеѓанка. Малку потоа дојде уште една нивна другарка, по потекло од Хрватска. Додека ги слушав како зборуваат за своите животни проблеми, кај мојата свршеница се јави желба да повикуваме духови. Се согласив, мислејќи дека тоа е некоја забава која не ми беше позната, а бев љубопитен да ја дознаам.

Скинаа лист од тетратка и ја напишаа сета шведска азбука, броевите од еден до десет и одговор да и не. Ја изгаснаа струјата во собата, запалија свеќа, потоа зедоа празна чаша којашто ја превртија и ја ставија над листот. Сите ставивме по еден прст на чашата на одалеченост од неколку сантиметри и почнавме да повикуваме духови на некои мртви. По извесно време чашата почна да се движи и да ни дава одговори на нашите прашања. Духот се претстави како дух на некој Швеѓанец кој умрел одамна. Секој по ред поставуваше прашања и добиваше одговори сè додека не ни беше кажано да престанеме. Штом престанавме да прашуваме, почна нешто да тропа по ѕидовите и свеќата се изгасна. Тоа беше мое прво и последно морничаво искуство поврзано со повикување на духови со помош на таканаречена „уиги табла“.

По неколку месеци се разделивме со мојата свршеница, иако информациите што ги добивме таа вечер ни ветуваа нешто друго.

 

Спиритизмот е мошне опасна авантура во која лекомислено се впуштаат милиони луѓе

Голем број млади, особено во тинејџерскиот период, како што бев и јас, но и многу возрасни и зрели лица што ги сретнав во 2007 година во Канада, од чисто љубопитство се впуштаат во иста авантура која сигурно му отвора пат на сатаната и на неговите демони да го водат нивниот живот по лоши патишта чијшто крај навистина е фатален, ако не се тргнат навреме и ако не побараат помош од Бога кој единствено може да ги избави од тој страшен лавиринт од кој нема излез на ниту еден друг начин.

Многу луѓе мислат дека постојат добри и лоши духови кои им се јавуваат на тие сеанси на кои се повикуваат духови. Оние што ќе постигнат повисок степен на комуникација слушаат гласови и гледаат материјализирани духови кои всушност се побунети и отпаднати ангели претворени во демони, протерани од небото на нашата планета, на чело со својот водач, сатаната, кои се појавуваат во сите облици на спиритизмот.

Но, откако му служам на вистинскиот жив Бог, Исус Христос, кој ги создал небото, земјата и сета нивна убавина, и откако ја запознав изворната библиска вистина и ги држам 10те Божји заповеди онака како што ги дал Бог во Библијата, мојот живот има наполно поинаква смисла и цел. Нашиот Господ Исус Христос ме повика во 2006 г. во Сиднеј и ме спаси во борбата што ја имав неколку месеци директно со тие зли духови кои се претставуваат како духови на умрените. Вистината за нив ќе ја видите и ќе ја дознаете од моите искуства и од Светото писмо, кое поинаку се вика Библија и Божја реч.

Едно е сигурно! Божјата, односно изворната библиска вистина за тие вселенски бандити, за демоните, е наполно поинаква од онаа што постои за нив во сфаќањата кај народот. Нивниот вистински идентитет, сета нивна злоба, пакост и садизам, сите нивни грозни активности со кои предизвикуваат најстрашни хорори не само со планетарни, туку и со вселенски димензии и уживаат во нив сето тоа ни го открива единствено Божјата реч, Библијата. Само таа ги урива сите таинствени паравани зад кои извонредно вешто се кријат и ги отстранува сите измамливи маски со кои се наметнуваат овие мрачни сили, изнесувајќи ни ги на најјасен можен начин, видливо и за секого сфатливо, нивните подмолни стапици од кои нема излез без Бога, а во кои упаѓаат милиони луѓе во цел свет од сите општествени структури, почнувајќи од наједноставните луѓе до највисоките интелектуалци. Сатаната и неговите демони мошне лукаво ја поставуваат својата мрежа во која лесно се вплеткуваат и стари и млади, почнувајќи од почеток љубопитно и наивно да повикуваат духови на умрените сè додека тој не ги вклешти во своите страшни канџи и прангии од кои нема спас без покајание и без Божја помош.

Горниот текст е извадок од книгата:

Кошничка

Pin It on Pinterest