ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

Кои податоци ги собираме?

Издавачката куќа „Знаци на времето“ ги собира следниве лични податоци за потребите на дејноста: име и презиме, адреса и место на живеење, адреса за е-пошта, телефонски број за контакт, лозинка во шифрирана форма и други податоци што корисникот ги внесува во формуларите на веб-страницата www.znacinavremeto.mk. Издавачката куќа „Знаци на времето“ не е одговорна за точноста на податоците внесени од корисникот.
На почетокот на посетата, на поединечниот корисник му се доделува колаче на сесијата за да ја идентификува и следи потрошувачката кошничка. Издавачката куќа „Знаци на времето“ може да складира и други колачиња на компјутерот на корисникот, како што е идентификациониот број на корисникот во шифрирана форма (за да го идентификува корисникот при следната посета) и колачињата на Google Analytics (анализа на посетата на веб-страницата).

Начин и намена на обработката на личните податоци

Користејќи ја веб-страницата www.znacinavremeto.mk, корисникот се согласува со моментално важечките правила и општите услови, објавени на таа web-страница. На тоа место, корисникот може редовно да ги следи евентуалните промени на општите услови и правила поврзани со начинот и целта на обработката на собраните лични податоци.
Издавачката куќа „Знаци на времето“ како оператор на податоци може да ги користи во анонимизиран облик заради статистичка анализа. Податоците за корисниците на Издавачката куќа „Знаци на времето“ во никој случај нема да ги предаде на неовластени лица.

Пријава за newsletter (известувања и новости)

Корисниците можат да се претплатат на newsletter, со кои „Знаци на времето“ ги известува корисниците за новостите во понудата на веб-страницата и другите продажни места, за маркетинг активности и други промоции. Со пријава на newsletter, корисникот се запишува во списокот на приматели на билтенот newsletter, што е едновремено и база на корисниците за придобивките што Издавачката куќа „Знаци на времето“ им ги нуди на своите корисници (попусти за лојалност, наградни игри…). За да се претплатите на newsletter, Издавачката куќа „Знаци на времето“ ги собира следниве податоци: адреса за е-пошта.
По претплатувањето на newsletter корисникот на својата е-пошта ќе добива новости од Издавачката куќа „Знаци на времето“. Во кое било време, корисникот може со кликнување на линкот Unsubscribe (Одјави се од претплатата) во newsletter да побара операторот за лични податоци да престане да ги користи неговите лични податоци заради директен маркетинг.
Корисникот исто така може да побара пренесување на податоците или запознавање со нив. Операторот на Издавачката куќа „Знаци на времето“ се обврзува дека внимателно ќе ги чува податоците во согласност со законите што се однесуваат на чувањето на личните податоци.
Издавачката куќа „Знаци на времето“ го испраќа Newsletter преку веб-апликацијата „MailChimp“.

Учество во наградни игри

Обработката на податоците собрани со учество во наградни игри е регулирана со правилата за наградни игри.

Регистрација на корисникот

Поединецот може да се логира на веб-продавницата www.znacinavremeto.mk како регистриран корисник. Содржината на веб-продавницата е исто така достапна за анонимни нерегистрирани корисници (гости). Регистрираните корисници ги проследуваат потребните податоци за време на процесот на регистрација. Секој регистриран корисник добива свое корисничко име и лозинка, што останува тајна. Корисникот е должен да гарантира дека со неговото корисничко име и лозинка ќе управува исклучиво тој или лице овластено од него. Секој корисник е лично одговорен за содржината што ја внесува на www.znacinavremeto.mk. Крајниот купувач во веб-продавницата www.znacinavremeto.mk може да бидe регистриран корисник, или нерегистриран корисник (гостин) кој купува стока за свои потреби или непрофитна дејност.
Во случај корисникот да се регистрира, Издавачката куќа „Знаци на времето“ ќе ги користи внесените податоци до отповикувањето за обработка на нарачката на корисникот, за да подготви уште порелевантни понуди како и за маркетинг-анализи кои ќе помогнат во подобрувањето на процесот на продажба. Податоците исто така можат одново да се користат за рекламен маркетинг. Издавачката куќа „Знаци на времето“ ги чува податоците додека не бидат отповикани или одјавени во согласност со законските одредби. Корисникот може да се откаже од претплатата во секое време во писмена форма преку е-пошта испратена на [email protected] Во случај корисникот да сака да ја избрише корисничката сметка, е-известувањето мора да ги содржи следниве податоци: насловот на пораката треба да биде „Прекинување на корисничката сметка“; во содржината на нарачката мора да бидат наведени името и презимето на корисникот, адресата и адресата за е-пошта со кои корисникот се регистрирал; пораката мора да биде испратена од истата е-поштенска адреса од која корисникот се пријавил како регистриран член.

Купување како гостин

Во случај корисникот да ја проследи нарачката како гостин, Издавачката куќа „Знаци на времето“ ќе ги користи внесените податоци за обработка на поднесената нарачка.

Формулари за контакт и посредување преку е-пошта

Корисникот може да постави и специфични прашања до издавачката куќа „Знаци на времето“ преку контакт формата или адреси на е-пошта објавени на веб-страницата и со тоа да ги довери наведените информации на операторот. Тие ќе се користат за решавање на прашањата на корисникот. Адресите за е-пошта наведени на веб-страницата www.znacinavremeto.mk не се лични, туку деловни адреси за е-пошта. Така, тие не се поврзани со една физичка личност, но податоците пренесени на овој начин можат да бидат обработени од различни лица – со цел брзо и ефикасно решавање на прашањата на корисникот. Со испраќање е-пошта преку контакт формата или на адресите наведени на тоа веб-страницата, корисникот се согласува со општите услови за користење на веб-страницата www.znacinavremeto.mk

Права на корисникот

Корисникот може во секое време да побара пристап до лични податоци обработени од операторот, нивно ограничување, бришење, корекција или пренос на податоци. Kакви било прашања во врска со зачувување на личните податоци на веб-страницата www.znacinavremeto.mk, можат да бидат адресирани и на е-адресата [email protected]

Како ја гарантираме безбедноста на податоците?

Податоците обезбедени од корисникот преку формуларите на веб-страницата www.znacinavremeto.mk или на некој друг начин (по е-пошта, телефон, итн.) се доверливи и се обработуваат во согласност со важечките закони. Личните податоци ќе ги чува Издавачката куќа „Знаци на времето“ и ќе спречи да бидат злоупотребени. Личните податоци ќе се користат само за целите за кои корисникот дал своја согласност. Само лицата овластени од издавачката куќа „Знаци на времето“ со корисничко име и лозинка (вработени, договорни партнери) имаат пристап до личните податоци. За чување на личните податоци е одговорен и самиот корисник, и тој мора да се грижи за чување на својата е-пошта, корисничко име и лозинка со кои се најавува на веб-страницата.
За пренесување на сите лични податоци на корисниците Издавачката куќа „Знаци на времето“ ја користи SSL технологијата, која се грижи за кодирањето на сите информации испратени од нарачката. Податоците за платежната картичка, што ги внесува корисникот во случај на таков начин на плаќање, се пренесуваат во кодиран облик од компјутерот на корисникот директно до овластениот сервер на банката.

Пренесување на податоците на овластени партнери

Податоците што корисникот му ги доверува на операторот се доверливи. Издавачката куќа „Знаци на времето“ не ги пренесува на неовластени трети лица. Личните податоци може да се пренесат на доверливи партнери или по службена должност, во согласност со важечкиот Закон за заштита на личните податоци. Податоците може да се пренесат:

    • на компании за обработка на податоци и услуги за информации кои обезбедуваат непречено функционирање на веб-страницата и нејзино подобрување (хостинг на сервер, маркетинг преку е-пошта…)
    • компании кои обезбедуваат непречен процес на купување (e-commerce, служби за испорака и сл.), но само во онаа мера што е неопходна за успешна испорака на нарачката
    • овластени институции ако тоа го бара законот (судот итн.).

Сите партнери кои имаат пристап до личните податоци се должни внимателно да постапуват со нив во согласност со важечките закони.

Одобрување

Со користење на веб-страницата www.znacinavremeto.mk, корисникот се согласува со општите услови за користење објавени на оваа веб-страница. На оваа веб-страница, корисникот може редовно да ги следи сите промени на општите услови и, следствено, начинот и целта на обработката на собраните лични податоци.

Поврзување со социјалните мрежи

Со кликнување на иконата на одредена социјална мрежа (Facebook, Instagram…), која се наоѓа на веб-страницата www.znacinavremeto.mk, корисникот може лесно да пристапи до профилите на Издавачката куќа „Знаци на времето“ на социјалните мрежи и објавите на други профили на социјалните мрежи со содржина поврзана со Издавачката куќа „Знаци на времето“. Преку кликнување на овие копчиња за социјалните мрежи, се овозможува на корисникот брзо да му бидат понудени релевантни информации, во зависност од неговата веб-активност.

Операторот на личните податоци е:

Издавачка куќа „Знаци на времето“, ул. Влае бр. 42, 1000 Скопје.
Може да испратите какви било прашања во врска со приватноста и обработката на личните податоци на [email protected]

_____________________________

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Издавачката куќа „Знаци на времето“ (во натамошниот текст: „Знаци на времето“), при извршувањето на своите активности собира и обработува лични податоци почитувајќи ги сите релевантни закони и прописи.
Заштита и безбедност на личните податоци на нашите купувачи, клиенти и деловни партнери е наш приоритет.
Ве молиме внимателно да ги прочитате овие информации!

Раководител на обработката на личните податоци

„Знаци на времето“ е раководител на обработката на личните податоци во согласност со законот и прописите за заштита на личните податоци. „Знаци на времето“, како раководител на обработката на личните податоци, ги одредува целите и средствата за обработка на личните податоци и се одговорни за чување и користење на личните податоци во хартиена и/или електронска форма.
„Знаци на времето“ во својата деловна активност исто така може да биде извршител на обработката на личните податоци.

Личните податоци што ги собираме

Личните податоци што ги собираме зависат од: видот на услугата што ја обезбедуваме на нашите купувачи, корисници и клиенти, намерата на купувачот да ги користи нашите услуги, како и намерата на купувачот да ги оствари своите права засновани врз законски и регулаторни одредби. На прво место, се работи за податоци без кои не можеме да ја извршиме услугата, и тие вклучуваат најмалку:

    • основни лични податоци (име и презиме)
    • основни податоци за контакт (адреса, телефонски број, адреса на е-пошта)
    • податоци поврзани со користењето на веб-продавницата www.znacinavremeto.mk
    • други лични податоци неопходни за остварување на правата на клиентот засновани врз законски одредби за заштита на потрошувачите.

Собирање и употреба на личните податоци

„Знаци на времето“ собира лични податоци и управува со личните податоци заради купопродажен однос за производите и услугите од сопствената понуда и со цел да ги исполни законските и регулаторните обврски, како и заради остварување на сопствените легитимни интереси за законско деловно работење.
Доколку тоа го бараат од нас релевантните законски прописи, за одредени причини дополнително ќе побараме од корисникот негова/Ваша изречна согласност.
Причините што ги обработуваме личните податоци за склучување и исполнување на договорните обврски се:

    • продажба на стоки и услуги
    • продажни и маркетинг-активности на „Знаци на времето“
    • администрирање на договорната врска
    • управување и примање приговори, жалби и рекламации
    • постапка за наплата или присилна наплата на долговите
    • други законски обврски што произлегуваат од дејноста на „Знаци на времето“

Причините што ги обработуваме вашите лични податоци засновани врз нашите легитимни деловни интереси се:

    • известување за промените поврзани со деловните услови
    • спречување и откривање на измами

За сите други активности коишто не се опфатени со горенаведените причини, ќе побараме дополнителна согласност. Нашите купувачи, во секое време, имаат право да ја повлечат дадената согласност.

Пристап до личните податоци

„Знаци на времето“ презема технички и организациски мерки за да осигури дека собраните лични податоци се обработуваат само на начин кој е во согласност со наведената цел. Доколку е потребно, заради извршување на нашите деловни активности, пристап до лични податоци ќе им се обезбеди на трети лица, и тоа на: државни органи и јавни органи кои имаат право на пристап до лични податоци заради спроведување на законски обврски; адвокати, сервисни служби, финансиски институции и други деловни партнери.
Сите, освен државните органи и органите на јавната власт, личните податоци ги обработуваат исклучиво според упатствата на „Знаци на времето“.

Обработка на личните податоци

Личните податоци на корисниците ќе бидат обработени од страна на обработувачите наведени во поглавјето „Пристап до личните податоци“, чија одговорност и обврска за заштита на личните податоци и чување на нивната доверливост е дефинирана со договорниот однос и во согласност со сите технички и организациски мерки и законски регулативи кои ја регулираат заштитата на податоците. Вашите лични податоци собрани од „Знаци на времето“ за целите наведени во поглавјето „Собирање и користење на личните податоци“ нема да бидат достапни за оној што нема овластување од „Знаци на времето“.

Остварување на правата

Кога е законски предвидено, корисникот, купувачот, клиентот имаат право на информации за обработката на неговите лични податоци; повлекување на својата согласност во кое било време, ако ги обработуваме личните податоци со дадена согласност; корекција или дополнување на личните податоци со цел тие секогаш да бидат точни; бришење на личните податоци кога тие повеќе не се потребни за горенаведените цели; поднесување приговор до „Знаци на времето“ или надлежниот државен орган.
„Знаци на времето“ им обезбедува канали за комуникација на сите заинтересирани страни со цел да ги остварат своите права во врска со заштитата на личните податоци, и тоа преку поставување барања:

    • преку контакт формата на www.znacinavremeto.mk

Независно од избраниот канал за комуникација, барањето се поднесува лично и на таков начин што на вработените во „Знаци на времето“ им е овозможено да го идентификуваат лицето што го поднесува барањето.

Право на приговор до надзорниот орган

Освен приговорот околу обработката на личните податоци поднесен од „Знаци на времето“, приговор за обработка на личните податоци може да се поднесе и до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Чување на личните податоци

Временскиот период за зачувување на личните податоци на корисниците зависи од целта заради која ги обработуваме.

    • Податоците собрани само со цел да се обезбедат продажни трансакции или други услуги, се чуваат уште 12 месеци од датумот на последната трансакција во која биле користени (на пример, трансакција на испораката, доставата, рекламацијата и сл.).
    • Податоците собрани заради обработка врз законска основа се чуваат во согласност со временските ограничувања на одредбите на законот за кој станува збор (на пример, Законот за сметководство, итн.).

Контакт

За било какви прашања во врска со начинот на користење на личните податоци, можете да нè контактирате:

    • преку контакт формата што се наоѓа на www.znacinavremeto.mk
    • со повик на телефон +389 2 2048 038

За комуникација со цел да се остварат правата во врска со заштитата на личните податоци, потребно е да се користат каналите за комуникација дефинирани во поглавјето „Остварување на правата“, за да може секое барање да биде регистрирано, а корисникот да биде идентификуван како иницијатор.

Ажурирање на информациите за обработка на личните податоци

„Знаци на времето“ редовно ги ревидира и ажурира информациите за обработка на личните податоци во согласност со промените во сопствените деловни процеси или врз основа на законски и регулаторни обврски. Валидна верзија на Информациите за обработка на личните податоци се достапни на нашата веб-страница www.znacinavremeto.mk. Доколку дојде до значителни промени што во поголема мера влијаат на обработката на личните податоци, ние ќе ги објавиме информациите на веб-страницата без одлагање и ќе Ве известиме директно.

Услови за обработка на личните податоци заради обезбедување услуги за испорака и поврат

Заради обезбедување на услуги за испорака и поврат на стоката, „Знаци на времето“ ги собира следниве податоци:

    • име и презиме
    • адреса за испорака
    • телефонски и/или број на мобилен телефон
    • информации за адресата за испорака.

Горенаведените податоци ги обезбедуваме на договорените деловни партнери, даватели на логистички услуги, заради извршување на договорените услуги. „Знаци на времето“ ги овластува партнерите што вршат услуги за обработка на личните податоци на купувачите исклучиво за извршување на договорените услуги.

Колачиња и следење на активностите на Интернет

Колаче е текстуална датотека што веб-страниците што ги посетувате ја зачувуваат на уредот на корисникот (компјутер, таблет, паметен телефон). „Знаци на времето“ користи колачиња за да им го олесни и подобри на посетителите пристапот до функциите што ги пружа веб-продавницата на „Знаци на времето“. Информациите што ги собираме од колачињата се користат за запомнување на поставките и корисничките активности на веб-продавницата, како што се прелистување на артиклите, движење на страниците, додавање на производи во кошничката, интересни предмети или предмети за споредување и сл.
Колачињата можат да бидат избришани или блокирани од корисникот во кое било време во поставките на неговиот Интернет прелистувач. Ако корисник со блокирани колачиња пристапи до веб-продавницата на„Знаци на времето“, одредени функционалности на страницата нема да бидат можни.
„Знаци на времето“ на страниците на веб-продавницата на „Знаци на времето“ користи услуги за анализа на посетите и следење на навиките на купувачите, како на пр. Google Analytics. Со користење на колачиња, давателот на услугата може да ги следи посетите на корисникот на нашите и на другите интернетски седишта и, врз основа на тоа, да ги прикажува на корисникот на „Знаци на времето“ платени реклами или реклами на други корисници на услугата. Корисникот може да го прекине прикажувањето на рекламите на страницата на давателите на услуги задолжени за прикажување на рекламите.

Newsletter и употреба на личните податоци за маркетинг

Доколку корисникот сака да добива известувања за нашата понуда по е-пошта, потребно е да се претплати на Newsletter. Кога ќе го пополнува формуларот за пријава, потребно е да ги пополни обележаните полиња и да внесе адресата на е-пошта на која сака да го добива билтенот Newsletter. Во секое време, корисникот може да се одјави од нашиот Newsletter во согласност со упатствата што ќе ги добие по е-пошта по пријавата, како и на секој Newsletter. Сите регистрирани корисници на веб-продавницата „Знаци на времето“ можат да се пријават или да се одјават од примањето на Newsletter во секое време.

За испорака на Newsletter, „Знаци на времето“ можат да ги користат техничките услуги на надворешни деловни партнери. Во наведениот случај, „Знаци на времето“ на истите им ја дава за обработка само е-поштата што корисникот ја пријавил за да го добива билтенот Newsletter.
Исто така, гарантираме дека избраниот деловен партнер истата ја користи само за испорака на нашиот Newsletter, за време на периодот додека корисникот е претплатен на него, и не може да го користи за други цели.

„Знаци на времето“ нема да ги споделува контакт-податоците на корисникот дадени за претплата на Newsletter со трети лица, освен во случајот и под условите утврдени во претходниот параграф. Исто така, ако корисникот не се пријавил за да ги прима Newsletter од „Знаци на времето“, како купувач или корисник, од нас може да добие само порака во врска со нарачката, плаќањето или активностите што тој лично ги иницирал. Покрај тоа, „Знаци на времето“ ќе достави информации за промените во врска со нашата дејност и односот со клиентот, купувачот како корисник на нашите услуги, на е-поштата на корисникот.

Pin It on Pinterest